Monday, December 9, 2013

Крварење ( HEAMORRHAGIA)

Со руптура односно лацерација на ѕидот на крвниот сад настанува крварење.Причините можат да бидат: траума,артериосклероза ( болсети на ѕидот на крвните садови ),малигна хипертензија,хеморагична дијатеза,инфилтративен раст на малигни тумори.
Кога во ткивото се насобира крвта се означува како хематом.

А кога крвта излегува во некоја тесна шуплина тоа се нарекува :hemothorax,hemoperikardiumи hemoperitoneum.Како petechiaeсе означуваат оние ситни крварења во кожата,слузницата или серозните обвивки.Акрварењата кои се подолги до 1cm се нарекуваат purpuraили ecchymosis.Крварењето зависи од количината на изгубената крв,како и од брзината и местото на крварење.Хеморагичен шок предизвикуваат брзите  губитоци на крв од 20%,исто како и мали крварења во мозокот или перикардното ќесе што може да предизвикаат смрт.Оние крварења што се повторуваат на кожата,гастроинтестиналниот и гениталниот тракт покрај тоа што го намалуваат волуменот на крвта го намалуваат железото.

No comments:

Post a Comment