Monday, December 9, 2013

Шок

Шок претставува хемодинамска циркулаторна инсуфициенција која доведува до пореметување на перфузијата на ткивото поради што насанува неадекватна клеточна оксигенација.Доведувајќи до ацидоза клеточната хипоксија предизвикува премин на клеките од аеробен во анаеробен метаболизам со зголемена продукција на лактати.Исто така со било која масивна телесна лезија може да се предизвика шок,како крварење,тешки трауми,опекотини,масивна белодробна емболија,масивен срцев инфаркт или бактериска сепса.
По етиологија шокот се дели на :
·         Хемораичен шок – кој настанува по акутен гобиток на некој критичен волумен на крв.
·         Траумски шок –кој настанува при масивни физички трауми и кога нема крварење.
·         Кардиоген шок – претставува колап на крвотокот кој настанува поради брз развој на инсуфициенција на срцето.
·         Септичен шок – го има кај болни со брзи фудрујантни бактериски инфекции

Постојат и поретки видови на шок како неуроген шок (предизвикна со анестетици и траума на рбетниот мозок со периферна вазодилатација),како и анафилактичен шок (предизвикан со реакција на преосетливост тип 1).
Во 4 категории се состојбите кои се комплицираат со шок :
·         Кардиоген шок
·         Хиповолемичен шок
·         Септичен шок
·         Невроген шок
Доколку шокот не се лечи оди во се подлабоко хемодинамско и метаболно влошување.И од тука прогресијата се дели во три статиуми :
·         Ран компензиран шок
·         Прогресивен-декомпензиран шок

·         Иреверзибилен шок

No comments:

Post a Comment