Wednesday, December 11, 2013

Раст и развој на Б-клетки

Б-клетките за разлика од Т-клетките кои созреваат во тимусот, тие се развиваат во коскената срцевина каде и се создаваат.
Активните Б-клетки можат да создаваат противтелносекретирачки клетки или памтечки Б-клетки. При развојот на овие клетки Иг-генски преуредувања ја трансформираат род-Б-клетката во незрела Б-клетка. Потоа се создаваат зрели но неискусни Б-клетки. Противгенопоттикнатата активација и диференцијација на Б-клетки создава противтелен одговор. За голем број противгени е потребен Т-помошнички клетки, тие се нарекуваат тимуснозависни противгени. Противгените како што се некои бактериски продукти од клеточниот ѕид и полимеричните молекули со повторувачки епитопи немаат потреба од Т-помошнички клетки и тие се нарекуваат тимуснонезависни противгени. Б и Т клеточните активации се вршат паралелно како што се поделбата на функциите, активација од мембрански поврзани протеински тирозин киназа, група на големи сигнални комплекси со протеин тирозин киназна активност и употреба на одреден број на сигнално пренесувачки патеки.
КД22 молекулата која е мембрански поврзана може да делува негативно врз Б-клеточната активација. Неопходно за опстанокот на Б-клетките е меѓудејството на КД40/КД40Л, за создавањето на зародишни центри, за создавање памтечки клетки и за соматска хипермутација.
Се разликуваат првични и вторични противтелни одговори. Првичниот одговор има долг период на задоцнување а краток период на одговор, додека вторичниот одговор има краток период на задоцнување а долг период на одговор. ИгГ и други изотипови се главни продукти кое се создаваат при вторичен одговор.

Зародишните центри се формираат за време од една недела, по изложувањето на тимуснозависните противгени.

No comments:

Post a Comment