Sunday, December 15, 2013

Развојна дисфазија (Dysphasia)

   Претставува развојно јазично пореметување,односно пореметување на способноста да се разбере,структуира и изрази јазичната мисла.Истовремено претставува и сложен синдром на физиолошки,неуропсихолошки и лингвистички дефицит.Посто едукативно и социјално пореметувањесо неможност за изговарање на голем број гласови и општа неспособност за вербално изразување.
    Етиологија на развојните дисфазии :
               ·         Неуролошки фактори
               ·         Латерализација на хемисфера
               ·         Генетски фактори
               ·         Аномалии при развојот на мозокот
               ·         Когнитивни фактор
               ·         Психогени и емоционални фактори
               ·         Дефицит на аудитивна перцепција
               ·         Моторни пореметувања
               ·         Влијание на средината
    Развојните дисфазии се класифицираат на :
        1.Прва група –деца со дефицит во вербалното паметење

        2.Втора група –деца со мозочни повреди до кои дошло пред стекнувањето и развојот на говорот,чии невролошки промени настанувале внатре во мозочната структура,кои физиолошки се усмерени да апсорбираат вербални импулси.Благодарение на пластичноста на мозокот се ствараат нови патишта или старите се реорганизираат.

No comments:

Post a Comment