Wednesday, December 11, 2013

Дислалија - патологија на говорот

Говор
Говрот,повеќе од која и да е друга способност ги разликува луѓето од животните.Човековата комуникација е комплексен феномен со два примарни сегменти,говори и јазик,а секој од овие е структуиран од повеќе компоненти.Детскиот говорен јазик користен е како мерило и индикатор занивниот понатамошен општ развој.Многу развојни нарушувања резултираат во одредено нарушување на говорните способности.Понекогаш чудо е кога децата можат да го совладаат говорот на толку лесен начин.Децата кои имаат говорно оштетување мора да добијат опсежна евалуација,вклучувајќи проценка на нивните општи когнитивни способности,слухот како и говорните и јазичните способности.Потоа следи план за индивидуален третман.

Едноставно оштетувањето на говорот е проблем со кој се соочува голем број на луѓе во светот.Може да биде предизвикано од повеќе фактори кои може да се наследни,вродени или стекнати.

Дислалија  (Dyslalia)

Постојат повеќе дефиниции кои опишуваат што всушност претставуваат дислалии
 - нарушување на изговор на гласовите (артикуацијата)
 - пореметувањ на говорот
Односно претставува неправилност или пак неможност ви изговарање на поедини гласови.

Класификација според степен

       ·         Омисија – претставува недостик на одреден глас
       ·         Супституција – претставува замена на еден глас со друг глас
       ·         Дисторзија – претставува повеќе разни оштетувања на поедни гласови

Класификација според вид

       ·         Сигматизам
       ·         Ротацизам
       ·         Ламбдацизам
       ·         Тетацизам
       ·         Делтацизам
       ·         Тетизам
       ·         Гамацизам
       ·         Капацизам
       ·         Тотацизам
       ·         Хитациза
       ·         Етацизам

    Сигматизам – претсавува пореметување во изговорите на гласовите :с,з,ц,ѕ,ш,ж,ч,џ,ќ,ѓ .Во потесна група спаѓаат с,з,ц,ѕ , додека пак нарушувањето во изговорот на гласовите ш,ж,ч,џ,ќ,ѓ спаѓаат во пошироката крупа на сигматизам.Кај повозрасните се работи за дисторзија,а кај малите деца најчесто се работи за омисија и супституција.

Ротацизам – неправилноста во изговорот на гласот р.Кај малите деца се јавува омисијата.Доколку гласот р се наоѓа до вокалот,омисијата нстанува со продолжување на вокалот.Со замена на гласот р се одвива супституцијата,најчесто со гласот ј,а потоа со гласовите л и в.Според местото на кое настанува дисторзијата се делат на предни и задни.Од кој што предните се полесни за отсранување и се среќаваат кај деца,а додека задните се среќаваат кај деца и се потешки за отстранување.

Ламбдацизам – претставува неправилен изговор на гласовите л и љ.На л и љомисијата е многу ретка и ги има истите карактеристики како и на другите гласови.Супституцијата се карактеризира со заменување на гласовите,односно л и љсе заменуваат со ј и в.Дисторзијата е во облик на w.Се јавува кај деца кои гласот р го заменуваат со w.

Тетацизам и делтацизам – неправилно изговарање на гласовите т и д.Овие гласови се основни гласа од кои се развиваат првите консонанти.Причини се аномалии на вилицата и предните заби,слаб фонематски слух,неправилен говорен модел.Дисторзиите се карактеризираат со поместување на артикулацијата нанапред,наназад и со недоволна оклузија,и овие со ретки.

Тетизам – ни кажува во кои гласови преминуваат неисправно изговорените гласови.Односно претставува преминување на безвучните гласови с,ц,ш,ч,к и ќ во безвучниот дентален плозив т,а звучните гласови з,ѕ,ж,џ,г и ѓ во звучниот дентален плозив д.Од претходнонаведениве тетизмот е посериозно нарушување,кое може да стане збор и за сериозно нарушување на ЦНС.Говорот на детето е многу неразбирлив,а исто така неретко е комбиниран и со недоволна граматичност.

Капацизам и гамацизам – нарушување при изговарање на гласовите к и г.Овие гласови се единствени плозиви кои може да бидат нарушени.На овие гласови најчеста е супституција со т и д.Омисијата се јавува кај тешки оштетувања на сртикулаторните органи како што се расцепите на непцето или пареза на јазикот.А како недоволна оклузија или поместување на местото на артикулација на назад се јавува дисторзија. 

Хитацизам – неправилност во изговорот на гласот х .

Етацизам – неправилен изговор на вокалот е.Овој вокал е единствен кој може да биде зафатен со функционални дислалии.Редок е многу,и причина за ова нарушување е оштетување на ЦНС.


Дислалијата се дели на органска и функционална.


* Органска дислалија – пореметување во анатомијата на артикулација на говорот
 Како на пример :
- Краток јазик
- Слабо подвижен јазик
- Пореметувања во развојот на забите
- Голем, задебелен јазик (макроглосија)
- Расцепи на непцето
- Расцепи на вилицата
- Расцеп на усните
- Разни останати малформации на јазикот и вилиците

* Функционална дислалија предизвикана е од пореметена функиција (како на пример слушање).Кај наречените отогени дислалии пореметениот говор е предизвикан од оштетување на слухот за типична фреквенција за некој глас.Исто така дислалијата може да се појави и при забавен говорен развој.

No comments:

Post a Comment