Monday, December 9, 2013

Инфаркт

Локализирана зона на изхемична некроза во ткивата,предизвикана од нагло прекинување на артериското снабдување,или поретко поради редуцирана венска дренажа претставува инфаркт.Речиси сите инфаркти најчесто се настанати како последица на окузија со тромб или емболус.Инфарктите ретко настануваат со торзија на крвните садови при што има престанок на циркулација.Поради венска тромбоза инфаркт е можен во оргнаи со единствен венски одвод,како овариум и тестиси.
Општо се поделени на бели анемични и црвене хеморагични.Белите се среќаваат во солидните ткива,кои настануваат поради опструкција на артериите.Се среќаваат во срцето,лиенот и бубрегот.Хеморагичните инфаркти се развиваат во белодробието,цревата како и органите на петелката,тестисите и овариумот.
Кога инфарктот ќе настане како последица на опструкција на крвен сад со септичен тромб кој содржи бактерии,се нарекува септичен инфаркт.
Инфарктите имаат клинест или уште наречен триаглест облик,на врвот е опструктивниот крвен сад а базата е према периферијата на органот како што е гранањето на крвниот сад.Рабовите се нејасни.
Постојат фактори кој го помагаат развојот на инфарктот откако ќе настане оклузија,и тоа се :
·         Состојбата на крвта и кардиоваскуларниот систем
·         Начинот на снабдување на крвта
·         Брзината на развивање на оклузијата
·         Вулнарабилноста на ткивата на исхемија



No comments:

Post a Comment