Меѓудејства на
противген и противтело главно зависат од четири вида на нековалентни врски, а
тие се:
1. Водородни
врски
2.
Јонски
врски
3.
Хидрофобни
меѓудејства
4.
Ван
Дер Вал-ови меѓудејства
Со помош на
анализата на Скачард може да се определи константата на афинитет, која
овозможува квантитативно мерење на сила на меѓудејства меѓу противгенското и
противтелното врзивно место. Додека авидитетот ја опишува вкупната сила на
меѓудејството меѓу повеќевалентните противгени и противтелни тела.
Карактеризирањето
на афинитето и кинетиката на меѓудејствата на противгенот и противтелото се
овозможува со помош на методот на површинска плазмонска резонанца – ППР. Овој
метод почнал да се користи во 1990-тите како замена на методите за рамнотежна
дијализа. Старите методи биле заменети поради тоа што новите методи биле далеку
по сензитивни и побрзи. Покрај афинитетот и кинетиката на противгенот и
противтелото може да се употреби и за одредување на стапките на реакциите, исто
така и за одредување на концентрацијата на противтелото.
Освен овој метод
може да се користат и други методи за одредување на меѓудејствата на противген
и против и противтелото.
Имуноелектрофореза
е метод за одредување на меѓудејството на противгенот и противтелото кои можат
да се таложат. Противгенот со таложливното противтело во течност создава талог
од противтело и против ген. На место на некоја хемиска течност во овој метод
може да се користи и гел. Како најчест гел употребуван е агар гелот.
Имуноелектрофорезата во клиничките лабаратории се користи за да се открие дали
се присутни протеините во серумот. Постои и ракетна електрофореза која
дозволува мерење на нивото на противгенот.
Радиоимуноанализата
е есна од најчувствителните методи за откривање на противтело и противген. Оваа
техника почнала да се развива уште во 1960 година. Примерокот кој што се
тестира со овој метод може да биде серум или други телесни течности. Најпрвин
се одредува количината на противтелото кое е потребно за врзување на 50 до 70% од фиксната количина на
радиоактивен противген. Според ова противгенот од течноста се натпреварува со
радиоактивниот противген за противтелото. Врзаните противген и противтело
комплекси се таложат, и потоа се мери радиоактивноста на талогот.
Друга позната
метода е методата на ЕЛИСА која е слична со радиоимуноанализа. При оваа метода
се користат ензими кои се конјугирани со противтела за да реагираат со
безбојниот супстрат и да го обојоат. Добиениот обоен супстрат се вика хромоген
супстрат. Оваа анализа се користи поради поголемата безбедност и пониска цена.
При Вестерн-ово
дамкосување електрофорезата ја одделува протеинската мешавина. Добиените
протеински ленти се пренесуваат врз нитроцелулоза и се утврдуваат противгените
и противтелата.
Флуоресцентната
микроскопија е метода која со помош на флуоресцентни молекули на противтелата
се прикажуваат противгените во клетката.
No comments:
Post a Comment