Прекумерни количини на разни материи
може да се натрупуваат и во неоштетените клетки.Може да бидат :
·
нормално составени
делови на клетките,а прекумерно да се натрупуват во нив како што се
белковини,либиди и јаглехидрати
·
материи што се
последица на нарушен метаболизам
·
пигменти обоени материи
Материите може да се натрупуваат времено
или пак трајно да доведат до оштетување на клетката или не.
Интраклеточно натрупување на масти
Уште се нарекува
стеатоза и претставува натрупување на мастите како последица на зголемувањето
на нивната количина во клетката.Оштетувањето може да е нелетално,но може да
дојде и до изумирање на клетката.Ова најчесто го има во црниот дроб,но може да
се сретне и во срцето,мускулите и другите органи.Во црниот дроб најчесто
триглицеридите доведуваат до натрупување на масти.Триглицеридите за да се
транспортираат ид црнодробните клетки мора да се спојат со специфични
апопротеински молекули наречени липид акцепторски протеини и формираат липопротеини,кои
одат во циркулацијата.Промените што настануваат во црниот дро зависат од
причината и од количината на исталожените масти и може да бидат
реверзибилни.Доколку овој процес напредува оштетувањето преминува во иреверзибилно и се развива
цироза.
Мастите како што
рековме може да се натрупаат во срцето односно во мускулните клетки на срцето
во услов на хипоксија,со формирање на жолти траки на местото на натрупување на
масти.
Потоа други
натрупувања на масти се и натрупувањето на холестрол и холестролски естри.Тие
се натрупуваат интрацелуларно кај многу заболувања,а најчесто и карактеристично
е кај атеросклероза.Интраклеточно натрупување на холестролот како и
холестролските естри во макрофаги настанува и кај стекнати фамилиарни
хиперлипидемии.Најчесто се таложат во кожата и подкожното ткиво и формираат
ксантоми-туморозни јазли.Натрупувањето на макрофаги со холестрол може да
настане и во жолчната ќеса во ламина проприа и се означува како холестеролиза.
No comments:
Post a Comment