Tuesday, December 10, 2013

Систем на комплемент

Претставува главен ефекторен механизам на хуморален дел од имуниот систем.Овој систем се состои од група на серумски протеини,кои поголем дел од нив се неактивни.Овие протеини се активираат со помош на класична алтернативна или лектинска патека.Сите овие патеки имаа различен начин на започнување.Но патекиве понатаму се соединуваат и продолжуваат како една,при што се создава мембрански напаѓачки комплекс.Кока противтелото се поврзува за целната клетка започнува класичната патека.Реакциите на имуноглобулин М и Г ја активираат ова патека.Алтернативната и илектинската патека се активираат независно од противтелата.Овие патеки се активираат кога протеините од комплементот ќе се врзат за молекулите од површината на микроорганизмите.
Клучна улога на системеот на комплеметн е лиза на клетката,но покрај тоа игра важна улога во активирање на воспалението и отстранувањето н имуните комплекси.Вродениот и стекнатиот имун одговор ги контролира взаемното дејство на комплементните протеини и протеинските фрагменти со рецепторите кој се наоѓаат на клетките од имуниот систем.Постоја пасиви и активни регулаторни механизми кои го регулираат комплементниот систем.Бидејќи системот на комплемент има способност да го оштети организмот на домаќинот.Недостатоци на системот на комплемент може да доведе до бројни оштетувања на човечкиот организам.Примери за болести поради недостаток на овој комплекс се :
·         лупус еритематозус
·         гломерулонефритис
·         воспаление на крвни садови
·         и др.
Покрај овие болести лицата со недостаток на комплексниот систем може да страдаат од повторувачки инфекции кои се предизвикани од пиогени бактерии (бактерии кои создаваат гној),а тоа се стрептококи и стафилококи.
Најтешки клинички манифестации се сретнува кај лица кои им недостасува К3.Овие лица често страдаат од тешки бактериски инфекции и заболувања предизвикани од имуни комплекси.

Мора да се нагласи дека клинички последици од наследните недостатоци во системот на комплемент се манифестираат од зголемена прифатливост на инфексции до оштетување на ткивото,кое е предизвикано од имуни комплекси.Деца кои имаат недостаток на маноза врзувачки лектин често страдаат од зголемените инфекции на дишните патишта.

No comments:

Post a Comment