Постојат два
различни система на имунитет кои ги заштитуваат ’рбетниците, а тоа се:
1. Вроден
имунитет
2. Стекнат
имунитет
Овие два система се
разликуваат меѓу себе во повеќе насоки. Вродениот имунитет дејствува веднаш по
првиот контак на противгенот со организмот, додека стекнатиот имунитет реагира
после неколку дена. Но поради тоа стекнатиот имунитет е по специфичен и делуво
конкретно на одредени противгени. Разлики има и меѓу рецепторите на системите. Рецепторите
на вродениот имун систем препознаваат патогени супстанции поврзани со
молекулски обрасци. Кај стекнатиот имун систем рецепторите препознаваат
специфични делови или цели противгени и делуваат врз нив. Друга важна разлика
меѓу системите е тоа што стекнатиот имун систем има способност за памтење со
помош на памтечките Б-лимфоцити. Овие клетки при повторна средба со исти
противгени дејствуваат побрзо бидејќи имуниот одговор за тие противгени се
спремни. Важно е да се напомене дека стекнатиот имунитет се среќава само кај
’рбетниците додека вродениот имунитет се сретнува кај сите повеќеклеточни
организми.
Главни клетки на
имуниот систем се лимфоцитите. Постојат повеќе видови на лимфоцити а тоа се:
-
Т лимфоцити
o
Т
помошнички
o
Т цитотоксични
-
Б лимфоцити
o
Памтечки
Б лимфоцити
o
Ефекторни
Б лимфоцити – или уште се нарекуваат како плазма клетки
-
Клетки природни убијци
Овие клетки можат
да се сретнат на секаде во хуманиот организам. Според лимфоцитите е вршена и
поделбата на лимфоидните органи а тоа
се:
-
Првични лимфоидни органи – овие органи овозможуваат микрооколини за развој на
лимфоцитите. Тука спаѓаат коскената срцевина и тимусот.
-
Вторични лимфоидни органи – овие органи ги заробуваат противгените и реагираат врз
нив. Тука спаѓаат лимфните јазли, слезината и мукозно асоцирано лимфоидно ткиво
(МАЛТ).
Клеточно
посредуваниот имун одговор се нарекува како имуногеност. Таа може да се одреди
според многу фактори, а тоа се:
-
Туѓост
на клетката
-
Молекулската
големина
-
Хемискиот
состав
-
Комплексноста
-
Начинот
на внесување и др.
Противтелен молекул
се состои од 2 лесни и две тешки вериги кои меѓусебно се идентични. Лесните вериги
со тешките вериги исто како и тешките вериги меѓу себе се поврзани со дисулфидни
врски.
Функционални гени
за тешките и лесните вериги се создаваат со сосема случајно преуредување на
генските сегменти. Преуредувањето на овие гени се врши со посебен редослед. Прво
се преуредуваат тешките вериги, а потоа се преуредуваат лесните вериги. Поради случајното
преуредување противтелната разновидност
може да постигне и до 1010 можни комбинации. Но освен случајното
преуредување постојат и други фактори на
големата разновидност, а тоа се наведените:
-
Случајното
поврзување на лесни и тешките вериги
-
Флексибилноста
на поврзувањето
-
Соматските
мутации и др.
За да може да се
регулира препишувањето на имуноглобулинските гени постојат ДНК регулаторни
секвенци. Главни ДНК регулаторни секвенци се поттикнувачи и засилувачи.
No comments:
Post a Comment