Порано главно
ткивносовпадливиот комплекс (ГТК) бил именуван како генски комплекс, кој влијае
врз прифаќањето или одбивањето на пресаденото ткиво од друга единка. Но ГТК
влијае на одговорот на организмот кон противгени. Тој кодира молекули од
класата 1 и класата 2, а овие класи учествуваат во прикаѓувањето на противгени
на Т-клетките и молекули од класата 3. Овие ГТК гени меѓусебно се поврзани и се
наследуваат како единици од родителите. Вака поврзаните единици се наречени
хаплотипови. ГТК гените се полиморфни и полигени шт означи дека за секој ген
постои повеќе алели и многу различни ГТК гени.
Молекулите од
класа 1 се составени од голема гликопротеинска верига и бета2-микроглобулин.
Молекулите од класа
2 се состојат од два нековалентно поврзани гликопротеини. Овие молекули од
класа 2 се сретнуваат главно кај Б-лимфоцитите, макрофагите и стеблестите
клетки, додека молекулите од класа 1 се сретнуваат кај повеќејадрените клетки.
ГТК алелите во главно влијаат на имуната реактивност и на способноста да
прикажуваат противген како и на осетливоста на некои болести.
Може да се каже
дека молекулите од класа 1 се преработен ендоген противген на Т-цитотоксични
клетки, а молекулите од класа 2 претставуваат преработен егзоген противген на
Т-помошничките клетки. Ендогените противгени се разложуваат на пептиди во
цитозол со помош на протеизоми, а егзогените противгени се интернализираат и
размножуваат во киселите ендоцитни оддели.
Вкрстено прикажување
е процес каде егзогените пептидни противгени, кај одредени типови на клетки
може да стигнат до патеките за прикажување од класа 1 молекули преку
фагозомите.
Прикажување на
липиди и гликолипидни противгени кои што произлегуваат од бактериите вклучуваат
КД1 молекули. Овие КД1 молекули се слични со молекулите на класа 1.
No comments:
Post a Comment