Sunday, December 15, 2013

Хиперкинетичко пореметување

   Претставува претеран немир,посебно во структуирана организирана ситуација која бара висок степен на самоконтрола.Во зависност од ситуацијата,тоа се покажува со трчање,скокање,станување од место кое треба да седи,претерано зборување и галама или врткање во место.Најчесто се јавува ранп во текот на развојот,обично првите 5 години.
   Хиперкинетичкото пореметување треба да се разликува од :

- анксиозните пореметувања,пореметувања во расположение,афективни пореметувања и первазивни како и развојни пореметувања.

Дисграфија (Dysgraphia)

   Претставува проблем на линеација на графомоторниот чин.Пишувањето е сложената човечка способност.Тоа ги интегрира скоро сите мозочни функции.Различните видови на пишување имаат различенс тепен на тежина.
   Степенот на тежина се движи по свој редослед :
-препис,диктат,опис на слика,пишување после нечие раскажување,опис на некое доживување,пишување на зададена тема и самостоен избор на тема.
   Постојат :
           ·         Аудитивни дисграфии
           ·         Јазични дисграфии

           ·         Графомоторни дисграфии

Дискалкулија (Dyscalculia)

   Претставува неспособност за совладување на математички операции и сваќање на односи помеѓу броевите.Детето се задржува на пониски облици на сваќање на односот помеѓу броевите во оквир на математичките операции.Поради тоа развојната дискалкулија може да се смета и како некој облик на парцијална дисгнозија.

Дисортографија (Dysorthographia)

   Претставува отежнато совладување на правилно,граматичко,синтаксичко и воопшто јазички исправно пишување на пишан текст.Дисортографичниот ракопис има ист облик на грешки како и дислексичкото читање.Дисграфија е проблем на линеација и графомоторен чин,а дисортографија е проблем на зборување,проблем на симболизација на говорот.Дисграфија е проблем на праксија,а дисортографија е на гнозија.
   Постојат три вида :
           ·         Визуелен
           ·         Акустички
     ·     Моторен

Дислексија (Dyslexia)

    Претставува пореметување на учењето за читање и покрај нормалната интелегенција,добар вид и слух,систематска обука,адекватна мотивачија и останати поволни едукативни,психолошки и социјални услови.Односно претставува значајно несложување помеѓу вистинското и очекуваното ниво за читање во однос на менталната возраст.
   Етиологија на дислексиите :
    1.Примарни фактори
              ·         Наследни фактори
              ·         Трауми
    2.Секундарни фактори
              ·         Церебрална дисфункција
              ·         Недоволна развиеност за доминација на хемисфери
              ·         Периферни и функционални оштетувања
              ·         Слаба физичка конституција
              ·         Педагошки запуштени деца
    3.Терцијални фактори
              ·         Недостаток во интелектуалниот развој
              ·         Пречки во говорот
              ·         Пречки во перцепцијата
              ·         Пречки во просторна ориентација
              ·         Неспособност на задржување на сликата на зборот во памтење
   Дислексиите кај деца може да бидат :
    1.Примарни,конгенитални и специфични
    2.Секундарни дислексии

    3.Стекнати дислексии

Развојна дисфазија (Dysphasia)

   Претставува развојно јазично пореметување,односно пореметување на способноста да се разбере,структуира и изрази јазичната мисла.Истовремено претставува и сложен синдром на физиолошки,неуропсихолошки и лингвистички дефицит.Посто едукативно и социјално пореметувањесо неможност за изговарање на голем број гласови и општа неспособност за вербално изразување.
    Етиологија на развојните дисфазии :
               ·         Неуролошки фактори
               ·         Латерализација на хемисфера
               ·         Генетски фактори
               ·         Аномалии при развојот на мозокот
               ·         Когнитивни фактор
               ·         Психогени и емоционални фактори
               ·         Дефицит на аудитивна перцепција
               ·         Моторни пореметувања
               ·         Влијание на средината
    Развојните дисфазии се класифицираат на :
        1.Прва група –деца со дефицит во вербалното паметење

        2.Втора група –деца со мозочни повреди до кои дошло пред стекнувањето и развојот на говорот,чии невролошки промени настанувале внатре во мозочната структура,кои физиолошки се усмерени да апсорбираат вербални импулси.Благодарение на пластичноста на мозокот се ствараат нови патишта или старите се реорганизираат.

Алалија (Alalia)

   Претставува состојба на целосно неразбирање на говорот и јазикот кај деца кои имаат зачуван слух,но не се во состојба да ја разберат говорната порака поради перцептивни пореметувања кои настанале со оштетување или дисфункција на ЦНС на ниво на аудитивни,репрезентативни кортикални области.
  Постојат два типа на алалии :
           ·         Сензорна (импресивна и аферентна)

           ·         Моторна (експресивна и моторна)

Friday, December 13, 2013

Трансплантација на бубрег

Трансплантација на органи веќе е врвен метод во лекување на различни болести.Всушност трансплантација значи пресадување на органи,делови од други органи,ткива или клетки, од една на друга личност,однсоно од едно тело на некоја личност до друго тело на друга личност.
Постојат неколку видови на трасплантација како :
1.Трансплантација од живи на живи личности(донатор)
2.Трансплантација од почината особа (леш) на жива особа (cadower)
3.Главен вид на трансплантација-пресадување органи од животни на човек(Ксено транспланатција
2. Историја
На 17 јуни 1950 година во Мери Хоспитал-Евергрин Парк,Илионс в САД била направена првата трансплантација на бубрег врз 44 годишната Рут Такер,кој боледувал од полициклична болест на бубрезите.Поради непостоње на имуно-супресивната терапија во тоа време и ниското ниво на ефективни лекови за полесно прифаќање на бубрегот,пресадениот бубрег бил одбиен.Такер живеела уште 5 години по направената неуспешна трансплантација,со останатиот заболен бубрег кој нормално си ја извршувал својата функција,но починала од болест која немала никаква поврзаност со бубрезите.Подоцна во 1954 година во Бостон и во Париз биле извршени успешни трансплантации на бубрези.Каде онаа во Бостон била направена врз идентични близнаци со цел за отстранување на можноста за било каква имунолошка реакција.Од страна на Мајкл Вудраф после неколку години односно 1960 година во Единбург-Велика Бртинија била извршена првата трансплантација на идентични близнаци.Потоа во 1964 година била извршена првата трансплантација на бубрег од починат дарител ,блгадоарение на едноставноста на типот на ткивото и лесниот начин на земање на бубрегот од дарителот и пресадување кај примателот без разлика дали од жив или починат дарител го прави пресадувањето на бубрег еден од наједноставните и најлесните трансплантации на човечки органи кој се практикуваат од 1940 година.Исто така во 1954 година од страна на д-р Џозеф Е. Мари и д-р Џ.Хартвел Харисон во Бридхем Хоспитал била направена првата успешна ренална трансплантација врз генетски идентичен пациент со дарител.Примателот починал по 8 годинипо извршување на трансплантацијата.Најголемата пречка при трансплантацијата на органи помеѓу генетски не-идентични пациенти се наоѓа во имунолошкиот систем на примателот, кој го третира пресадениот бубрег како туѓо тело и како последица на тоа веднаш го отфрла.Каде е неопходно постоење на лекови кои ќе го потиснат имунолошкиот систем,а потиснувањето на сопствениот имунолошки систем доведува до намалување на имунитетот кај индивидуата и исто така постои ризик од инфекциии,како и појава на рак и други несакани ефекти имуно-супресивни лекови.Основните имуно-супресивни режими од се базираат врз преднисолинот и кортикостероидот.Со употреба на преднисолинот не може да се спречи отфрлањето на трансплантираниот бубрег,туку потребни се и посебни имуно-супресивни лекови кои можат да се употребуваат ви помали дози.

3. Индикации,контраиндикации и барања
-Крајната фаза од болеста на бубрезите без оглед на примарната причина е предуслов за трансплантација на бубрег.Оние болести кои допринесуваат до крајната фаза од болеста на бубрезите се:малигна хипертензија,инфекции,мелитен дијабетис,гломерулонефрити.А генетски причини се: полицистична бубрежна болест,вродени мани на метаболизмот и автоимунолошки услови како лупу и синдром на правилно движење на телото.Како најчеста причина за трансплантаија на бубгрег се смета дека е дијабетисот.Просечно сметано 25% направени трансплантации се во САД.Поголем број на пациенти за време на трансплантацијата на бубрег одат на дијализа-хемодијализа,перитонејална дијализа или на дијализа која е слична на процесот на хемофилтрација.Оние личности кој се со хронично бубрежно пореметување а имаат најдено соодветен бубрег од жив донатор може да им се изврши отстранување на заболениот бубрег но пред дијализата да биде потребна.

-Во контраиндикациите се вклучуваат недостатоци како во срцевиот така и во белодробниот систем и болест на црниот дроб.Во главнте индикатори за појавување на контраиндикации кај пациентот спаѓаат прекумереното пушење и преумерената дебелина ,кој го зголемуваат и ризикот од хируршки компликации.Барањата за трансплантација на бубрези исто ака се различни од програма до програма како и од една во друга земја.Повеќето програми за трансплантирање на бубрези ставаат лимит на возраста на лицето и бараат лицето да е во добра здравствена состојба.За оние пациенти кои се одбиени и не се дел од листата на чекање за трансплантација на бубрези главни причини се кардиоваскуларните болести како и ракот.Врз барателите се вршат голем број на тестови за да се види дали добро реагираат на лековите кое се потребни за осптанок на трансплантот.Исто така и оние лица со ментална болест и зависници од лекови може да бидат исклучени од програмот.ХИВ-вирусот се сметал како целосна контраиндикација на трансплантацијата.Се вршеле многу истражувања за ови ставови кои се причина за отфрлање од листата за трансплатација,и се нашле сознанија дека имуносупресивните и против-вирусните лекови можеле  да го намалат бројот на ХИВ-КД4 клетки и да го спречат акутното одбивање на трансплантантот.

4. Извори на бубрези
Благодарение на тоа што медицината станува се посовремена и поефикасна дарителите не мораат секогаш да бидат генетски слични со примателите.Поголем број на донирани бубрези се од починати дарители,а пак во САД драстично се зголемува бројот на живи дарители,а во Шпанија во текот на 2006 година само 3% од трансплантираните бубрези потекнуваат од живи дарители.
*Бубрези со потекло од живи дарители
Процентот на трансплантанти од живи дарители се повеќе се зголемува.Дарителите постепено се испитуваат на медицинска и на психолошка состојба.За да се утврди дали дарителот е подготвен за трансплантација и дека не е носител на некоја болест.Доколку психолошкиот процес се прави за да се види дали дарителот е психолосшки свесен,и дали со негова желба или пак е принуден да донира орган.Има земји каде трговијата на органи е незаконска.Сепак одлуката за донираниот бубрег ос странски дарител мора да биде одобрена од Комисијата,а доколку донираниот бубрегт е од блиско лице(семејство,пријател),не мора одобрување и тоа се врши одма.Донирањето на бубрези не влијае штетно на дарителото.Донацијата на бубрег се прави со помош на лапароскопската хирургија,со што се намалува болката,се забрзува процесот на заздравуваше,како и времето на операцијата и компликациите се намалени.Трансплантираните бубрези од живи дарители подобро ги извршуваат своите функции отколку трансплантираниот бубрег од починат дарител.
*Починати дарители
Транслантацијата на бубрези од починати дарители е поделена во две групи :
1. Дарители кај кои мозокот ја згубил функцијата (BD)
2. Дарители починати поради болест на срцето (DCD)
Оние дарители каде мозокот ја изгубил својата функција се сметаат за мртви но поради тоа што  нивното срце испумпува крв и ја одржува циркулацијата овозможува на хирурзите операцијата да се започне додека органите сеуште функционираат.Дарителите починати од болест на срцето се пациенти кои ги немаат истите критериуми како дарителите кај кои мозокот ја изгубил функцијата,и покрај малата можност за опоравување самостојно избираат или нивното семејство се откажува од нив.Откако ќе се прогласи смртта на пациентот се носи во операциона сала каде се одржуваат органите.Бидејќи крвта не циркулира со помош на големо количество на анти-коагулациони средства како Хепаринот,коагулацијата мора да биде запрена.Постојат и етички процедурални правила каде гласи: она што е најважно е дека тимот којшто работи на одржувањето на оранот не смее да учествува во грижата на пациентот на било кој начин се додека се прогласи смртта.

5. Постапка
Заболените бубрези во повеќе случаи не се отстрануваат,ова се прави со цел да се намали стапката на хируршка смртност.Поради то бубрегот се става на различно место од местото каде треба да се стави.Има бројни несогласувања во хируршките прорачници во врска со тоа која страна од карлицата на примателот да се користи за примање на трансплантот.Посто двоумење во врска со тоа дали има доволно место во карлицата за донараниот бубрег,прирачникот препорачува користење на десната старна бидејќи тамо има поголем број на артерии и вени и полесно се поврзува.Campebell Urology (2002)препорачува донираниот бубрег да се смести на спротивната страна кај примателот.


 6. Компатабилност
Дарителот и примателот мораат да имааат иста крвна група доколку не е извршена плазмаферазата или ИБИГ.Тие исто така мораат да делат колку што е можно повеќе ХЛА и помалку против-гени.Овие работи го намалуваат ризикот од отфрлање на трансплантанто и потреба од друг трансплантант.Ито така и ризикот од отфрлање може да се намалува ако против гените на примателот не се сеуште усогласени со ХЛА противгените од потенцијалниот дарител и ако нивото на имуносупресивните лекови се на ниво кое не е штетно по здравјето на примателот.


          7. Бубрежно-панкреасна трансплантација
Понекогаш бубрезите се трансплантираат заедно со панкреасот,односно ова се практикува кај пациент кои поледува од шеќерна болест тип1 кој ги уништува белите клетки на панкреасот и предизвкува ренална инсуфиценција.Трансплантантите се од починати дарители,постојат само неколку трансплантации на панкреас кој се направини со помош а жив дазрител,поради тоа што тој трансплантант ги намалува ризиците за понатамошна дијализа,додека бубрегот и панкреасот од починат даиртел подоцна започнуваат со извршување на цвојата функција.Трансолантацијата се извршува така што прво се врши трансплантирање на бубрегот а потоа по некој период се трансплантира и панкреасот 

 8. Пост-оперативен период
Трансплантирањето на бубрези во просек трае 5 часа,каде бубрегот од дарителот се поставува во долниот дел од стомакот кај пациентот и некогвите крвни клети ќе се поврзат со артериите и вените на телото на примателот.Откако ќе се заврши оваа постапка крвта повторно ќе протечениз крвните садови на бубрегот.А последниот чекор е да се поврзе мочоводот од бубрегот од дарителот со мочниот меур на примателот.Повеќето случаи бубрегот за краток период започнува да произведува урина.Состојбата во која се наоѓа бубрегот звиси во тоа за колку време ќе почне да ја врши својата функција трансплантираниот бубрег.Бубрезите кои се од живи дарители потребно им е од 3 до 5 дена,додека пак оние од починат дарител потребно им е од 7 до 15 дена да почне да произведува урина.Имуно-супресивните лекови се користат за потиснување на имунолошкиот систем за да не се отфрли трансплантот,и овие лекови пациентот ги зема до крајот на неговиот живот.Акутно отфрлање може да се јави во првите 6 до 10 дена,но тоа не мора да значи дека е губењена органот,и ова бара дополнителен третман на лекување и пролагодување кон лекарствата.

          9. Компликации
Проблеми кои се најчесто се јавуваат по извршување на трнсплантацијата се :
1. Акутно,хеперакутно и хронично отфрлање на трансплантот
2. Инфекции и сепси односно труење на крвта
3. Постоперативено лимфопролиферативно нарушување
4. Неурамнотеженост на електролитите
5.Други несакани дејства од употреба на лекови : гастроинтестинално воспалени,хирстизам,губење на коса,гноење во стомакот и хранопроводот,дебелеење,акни,шеќерна болест тип2,хиперхолестеролимија и други
Примателот во најдобар случај може да очекува од 10 до 15 годин живот на донираниот бубрег.Доколку трансплантот пррестане да ја извршува својата функција пациентот може да побара пресадување на втор транспланиможно ќе е да се врати на дијалиа некое време.Статистички гледано еден пациент може да живее од 10 до 15 години подолго со трансплантиран бубрег отколку да оди на дијализа.Кај помладите пациенти животнит век е подолг одколку кај постарите.Според некои истражувања пациентот кој оди на дијализа има помал животен век на бубрези.



Учење

Сложениот психолошки процес ,,Учењетобез кој не е  може човечкиот развој,во психолошката литература секој се обидува да го дефинира на свој начин,и поради тоа има множество дефиниции за поимот учење.
2.Учење
Учење претставува психички процес при кој настанува промена која е трајна во однесувањето на единката под влијане на нејзината активност односно стекнато искуство.

3.Видови учење
Од тоа што постојат повеке видови учење произлегуваат и нивните класификации.
*Една основна класификација е онаа што се поставува прашањето КАКО се учи.Според одговорот на ова прашање се расликуваат два вида на учење : едноставно и сложено.
*Друга класификација го поставува прашањето ШТО се учи,каде од одговорот на ва прашање,има два вида на учење : вербално и моторно.

4.Како се учи
*Едноставно учење-кое се состои од едноставни психички процеси,и учењето може да биде условување и механичко учење.
-Условување
Рефлекс кој е безусловен (бе реакција)е ненаучен,вроден одговор на организмор на некои дразби.Условните реакции се наулен облик на однесување.Дразба која е безусловна е онаа што без никакво присуство на друг услов неизоставно предизвикува реакција,и е наречена безусловна реакција.Од страна на рускиот физиолог Павлов за прв пат било откриено условувањето.Во овој случај оие неутрални дразби се нарекуваат условни дразби.Оваа дразба може да предизвикува безусловна реакција само условни,доколку е дадена истовремено со безусловна дразба.А пак реакцијата што се јавува се вика условна дразба.Интензивните емотивни реакции кој се сосдадени по пат на условување се фобиите,што претставуваат страв од нешто конкретно.
-Механичко учење
Исто како и условувањето така и механичкото учење претставува едноставен вид учење.Успешноста во ова учење е во повторвањето за да не се заборави,и на овој начин брзо се заборава.Исто така суштината на механичкото учење се состои во асоцијација по допир.

*Сложено учење-е учење со посложени психички процеси,и може да биде: учење по пат на обиди и грешки и учење по пат на увидување.
-Учење по пат на обиди и грешки
Под ова учење мозе да се дефинира дека човкот или пак животното изведуваат неколку случајни одговори од кој мал број ги доведуваат до целта.Но со текот на време и повторување оние одговори кој се точни се побројни,а пак неточните помалкубројни.Со постојано повторување и вежбање оние неточни одговори се отсрануваат.Мотивацијата е вжен услов за успех во вакво учење.
-Учење по пат на увидување
Пред се ова учење е карактеристично за човекот но исто така и за некои посложени животни како антропоидните мајмуни.Мислењето е основен псхички процес при увидуањето.И поради што мислењето е основаната карактеристика ова се нареува интелектуално однесување.
5.Што се учи

Тука разликуваме вербално и моторно учење.

*Вербалното учење-е она учење што секогаш се употребуваат зборови односно зборовен и друг симболилен матријал при учењето.
Успешноста при учење на вербалниот матријал зависи од :
1.      Смисленост на матријалот
2.      Ангажираност при учење
3.      Мотивација при учење
4.      Организација при учење
5.      Физички услови во просторијата

*Моторно учење-совладување одреден дел движења што всушност ја карактеризира некоја моторна активност.Неопходно при моторното учење е активноста да се изведува повеќе пат,исто така и да се ссосдадат сопствени ментални и моторни претстави за самите движења.Со замислување на сопственото тело при вршење на конкретното движење се формираат ментални претстави.Со помош на внатрешните осети на мускулите и тетивите кои информираат за положбата на деловите во телото се изградуваат моторните претстави.

6.Трансфер во учењето
Трансфер (пренесување),а пак под трансфер во учењето се подразбира процес на пренесување на ефектите од едно врз друго учење.Трансферот може да биде позитивен и негативен.

7.Напредување во текот на учењето
Учењето ќе напредува од голем број фактори :
1.Од матријалот што се учи.При вербалното учење поинакво е напредувањето,отколку при моторното учење.
2.Од методот на учење.Во овој случај поинакво е напредувањето кога се учи по пат на обиди и грешки,а поинакво кога се учи по пат на обид.
3.Од карактеристиките на личноста која учи.Од предходното знаење,од способностите,стравовите,интересите,карактерот,моменталната состојба на организмот и темпераментот  зависи напредувањето во учењето.

8.Важност на процесот на учењето за човекот
Детето за да се заштити во околината научува по пат на формирање условни рефлекси.Всушност учењето е тоа што ја претставува основата на процесот на совијализација односно формирането на едната зрела личност во определена општествена и културна средина.Учењето по пат на имитација е важно  во процесот на социјализација на личноста.А пак навиката е автоматизирано изведување на дејноста во чија основа лежи задоволување на некоја потреба.Во текот на животот на човекот може да се формираат корисни но и штетни навики.

Заклучок :
Колку повеќе ,,Уживам ,толку ,,Подобро учам !!!